Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

15 септ. 2015

Женски приказни – улогата на жената од минатото до денес

Женски приказни – улогата на жената од минатото до денес

Музеј на женски приказни е  проект произлезен од идејата да се истражи, согледа и (ре)афирмира улогата на жената во општествено-политичкиот, социјалниот и семејниот контекст од минатото до денес.

Овој иновативен проект предвидува изложба проследена со разговори во градовите Битола, Прилеп и Крушево од 15 септември до 30 октомври 2015 година во организација на „Локомотива“ – Центар за нови инцијативи во уметноста и културата.

Изложбата ќе биде отворена на 15 септември во 19 часот во Заводот и музеј во Битола, а во 20 часот ќе започне планираниот разговор со Александар Литовски, Ѓорги Пулевски и коавторките на проектот: Искра Гешоска, Христина Иваноска, Виолета Качакова и Биљана Тануровска-Ќулавковски.

Целта на „Музеј на женски приказни“ е преку истражување на културните значења, симболи, асоцијации и историските факти, од првата половина на 20-тиот век во Пелагонискиот регион да се обелодени улогата на жените во тој раздвижен период. Со цел да се добијат релеватни информации и материјали за темата која се обработува, во 2014/2015 година се реализираше истражување кое ко-авторките го артикулираа во аудио-визуелна изложба, проследена со разговори и публикација.

„Музеј на женски приказни“ произлезе од проектот “Културата во улога на територијален развој и социјална кохезија” кој започна во 2014. Проектот е програмски развиен и имплементиран од Локомотива, Скопје во соработка со областа на заливот Мон Сен Мишел од регионот Долна Нормандија во рамки на програмата за децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Изложба и разговори:

Битола, НУ Заводи и музеј Битола (15-29 септември 2015)

15 септември / 19:00 ч. – отворање на изложбата / 20:00 ч. – разговор со Александар Литовски, Ѓорги Пулевски и ко-авторките на проектот

Прилеп, НУ ЦК Марко Цепенков (01-13 октомври 2015)

01 октомври / 19:00 ч. – отворање на изложбата / 20:00 ч. – разговор со Љупчо Печијарески, Рубин Белчески и ко-авторките на проектот

 Крушево, НУ Историски музеј - Уметничка галерија „Никола Мартиноски“ (15-30 октомври 2015)

15 октомври / 12:00 ч. – отворање на изложбата / 13:00 ч. – разговор со Зоран Богески, Даница Јанакиевска, Ѓорги Пулевски и ко-авторките на проектот

Партнери во реализација на изложбата се НУ Заводи и музеј Битола, НУ ЦК Марко Цепенков Прилеп и НУ Историски музеј Крушево.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x