Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

17 септ. 2015

Споделување искуства помеѓу занаетчии од Долна Нормандија и Македонија

Споделување искуства помеѓу занаетчии од Долна Нормандија и Македонија

На 16 септември 2015 година се одржа официјален состанок помеѓу двете партнерски организации Контрафор (Македонија) и Savoir-faire and Co (Долна Нормандија) во Регионалнито совет на Долна Нормандија. Организацијата Контрафор во соработка со со Savoir-faire and Co работи на активности кои промовираат успешен и одржлив бизнис на жените занаетчии во рамки на проектот „Жените во мали занаетчиски бизниси“.

За време на средбата се состанаа чинителите од Долна Нормандија и Македонија од областа на занаетчиството да разговараат за состојбата во која се наоѓаат артизаните на двете територии, со посебен осврт на жените артизани. За време на состанокот се запознаа и со Занаетчиската комора на Долна Нормандија и со здружението „Еднакви права на жените артизани од Долна Нормандија“. За време на состанокот претставниците од Македонија имаа прилика да се запознаат и со начинот на кој што Франција го промовира и вреднува секторот за занаетчиство на регионално ниво.

Овој состанок е дел од студиската посета во Долна Нормандија на претставници на организацијата Контрафор и жени артизани од Македонија. За време на студиската посета тие ќе се состануваат со жени артизани од Долна Нормандија и ќе припремат и документарен филм кој ќе биде претставен пред македонската публика со особен фокус на жените артизани во Македонија со цел да им се пренесе искуството од Долна Нормандија.

Проектот „Жените во мали занаетчиски бизниси“ го спроведува организацијата Контрафор во соработка со организацијата Savoir-faire and Co во рамки на повикот за проекти 2015/2016 на соработката Долна Нормандија/Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix