Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

18 септ. 2015

Соработката Долна Нормандија / Македонија го одбележува денот на заштита на културното наследство

Соработката Долна Нормандија / Македонија го одбележува денот на заштита на културното наследство

Изминатите 10 години, соработката Долна Нормандија / Македонија, заедно со своите партнери и соработници, внимателно ги следи случувањата од областа на културното наследство и работи на неговото зачувување и вреднување.

Заштитата на културното наследство е еден од приоритетите на соработката Долна Нормандија / Македонија, но не само поради своето историско значење, туку и поради вредноста која ја има во современото општество. Преку нашите проекти кои опфаќаат голем број разновидни активности, културното наследство не е само сведоштво за минатото, туку и поттик за развој во иднината. Почнувајќи од образованието, преку уметноста и истражувањето, подигајќи ја свеста кај граѓанинот за заштитата и односот кон културното наследство, се поттикнува локалниот развој и зајанувањето на туризмот во Македонија.

Уште од своите почетоци, во 2008 година, тимот на програмата за соработка работи на заштитата на културното наследство. Од тогаш, до сега, оваа тема на соработка постојано се развива и се менува. Во тој период, партнерите на соработката работат на заштита,  вреднување и попис на архитектонското наследство во градовите низ Македонија, по пат на размена на знаење и експертиза во оваа област. Голем број на професори, студенти и експерти од Македонија и од Франција, остваруваат студиски посети, истражувања и обуки. Запознавањето со двете територии, со локалната самуправа и експертите од двете територии, започнува во оската „одржлив туризам и наследство“, предводена од партнерите Savoir Faire & Découverte од Франција и ЦИРа од Македонија. Во соработката активно се вклучува населението и локалната самоуправа од Мавровскиот регион, Општина Новаци, итн. Се работи на обновување на традиционални градби и нивно зачувување. 

Дел од експертите кои работат на овој проект се обучуваат за попис и вреднување на културното наследство и во соработката се вклучуваат Националната асоцијација на градови со историја и уметност и градови со заштитени зони и сектори од Франција и Асоцијацијата на градови од Македонија со архитектонско наследство, со која раководи Општината Велес. Нивното партнерство во рамките на оската на соработка „попис на културно наследство“ резултира со обука и попишување на традиционалните градби во пет македонски градови: Штип, Куманово, Кратово, Велес и Берово. Во соработка со овие две општини се прегледуваат градските архиви и се врши детален попис на заштитените градби, кои ја сочинуваат изложбата „5 градови". Во 2013 година, изложбата е претставена на меѓународната конференција за децентрализирана соработка во Тирана, како модел за размена на добри практики во рамки на меѓунаордна соработка.

По 2013 година следуваат голем број на иницијативи од страна на актери и соработници во различни области. Меѓу нив се и средното училиште Токвил од Шербур, кои со своите соученици од збратимениот Велес вршат студиски патувања и размени работејќи на културното наследство на двете територии.

 

Одбележувајќи ја 100 годишнината  од Првата светска војна и 70 годишнината од Втората, соработката Долна Нормандија / Македонија следејќи ги овие две историски одбележувања влегува во нова етапа на заштита на културно наследство и започнува да работи на „сеќавање, мир и помирување“. Новите проекти кои се имплементираат во рамките на културното наследство во соработката нe водат на повеќе страни, како на пример откривање на фотографии на Браќата Манаки, но и посета на терен каде се одвивала Првата светска војна во Македонија, во Пелагонија. Сеќавајќи се на тој период се потсетуваме и на загинатите француски војници во битолско и скопско: се реставрираат нивните вечни почивалишта, се одржуваат изложби за „брадестите“ кои загинале на ова поднебје, во соработка со Францускиот Институт од Скопје.

На терен пак, Општината Новаци соработува со Општината Вир од Франција, локалното население и средни училишта од Битола и Вир се вклучуваат во соработката и вршат археолошки истражувања на локациите во Македонија каде се војувало за време на Првата светска војна.

Заштитата на културното наследство во соработката постојано се менува, развива и надополнува. Во рамките на повикот на проекти се одвиваат и активности за заштита на нематеријалното културно наследство кое ја опфаќа уметноста, меѓу нив е францускиот оркестар Barouf Orkestar, кој ја интерпретира традиционалната музика од Балканот во Франција.

Природното наследство пак се негува преку новите проекти за зачувување на животната средина, производството на билни производи и начинот на кои тие се изработуваат по природен пат.

Соработката Долна Нормандија / Македонија продолжува да работи на заштитата на културното наследство по пат на меѓународна размена на: искуства, вештини и знаења, заедно со нашите партнери и соработници.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix