Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

24 септ. 2015

Француска претстава во Македонскиот народен театар

Француска претстава во Македонскиот народен театар

Categories: Култура  / 

Во петок, 26 септември 2015 г. француската претстава „Пардон“ ќе го доживее своето прво и единствено претставување пред македонската публика во Македонскиот народен Театар (МНТ).

Од 17 до 26 септември авторката на драмскиот текст „Пардон“, Сабин Ревије и режисерот Гиј Деламот работат со пет македонски актери во Македонскиот народен театар за потоа да го претстават овој работен текст пред македонската публика.

Ова е втората фаза на проектот „Пишување и режија, денес“ кој го организира Панта театарот од Каен. Првата фаза се одвиваше во Каен каде 5 драмски режисери и автори од Македонија работеа со француски глумци и претставија три македонски дела пред француската публика.

Овој проект е во организација на ПАНТА театарот во соработка со Локомотива во рамки на програмата за култура на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix