Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

22 окт. 2015

Танчерки од Долна Нормандија на Регионалните денови на културата во Пелагонија

Танчерки од Долна Нормандија на Регионалните денови на културата во Пелагонија

Од 15 до 17 октомври 2015 година две танчерки од Долна Нормандија изведоа перформанс за македонската публика за време на Регионалните денови на културата во Пелагонија.

Настанот беше отворен на 15 октомври во Битола, од страна на Емилија Ѓероска, директорката на Центарот за развој на Пелагонискиот плански регион и Калиопа Кривашија Стилиновиќ, почесен француски конзул во Битола.

Лолита Еспин Анадон и Сесилија Еменегер од театарската асоцијација „Ecorpsabulle“ од Долна Нормандија го изведоа едно часовниот перформанс „Sur Le Vif“ за публиката во Битола. Потоа, перформансоткој подразбира модерен танц и израз преку движење беше исто така претставен во Прилеп и Крушево. Преку овој интересен перформанс македонската публика имаше можност да се запознае со овој невообичаен уметнички израз кој е познат во сферата на современиот танц во Франција.

Овој настап се одвиваше во рамки на соработката помеѓу Пелагонискиот регион и Областа Мон сен Мишел кои работат заедно веќе неколку години на тема културни политики и туризам на двете територии.Овие размени се одвиваат во рамки на Програмата за соработка помеѓу градови од Долна Нормандија и Република Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix