Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

26 окт. 2015

Трибина и изложба по повод „Деновите на француската култура во Дебар“

Трибина и изложба по повод „Деновите на француската култура во Дебар“

На 22 октомври 2015 година, започна традиционалната манифестација „Денови на Француската култура во Дебар“ како дел од проектот „Вкрстено наследство“ во рамките на Соработката Долна Нормандија – Македонија.

Манифестацијата започна со трибина на тема „Улогата на медиумите во општеството со посебен осврт на ситуацијата со медиумите во Македонија и на локално ниво“, која ја отворија градоначалникот на Дебар, Ружди Љата, Рафаел Галвез од Франција и Сања Трпковска од АЛДА Скопје, координатор на соработката Долна Нормандија – Македонија. На трибината свое обраќање имаа и Дона Костуранова, извршна директорка на Младинскиот образовен форум и Фатлуме Дервиши, новинарка од интернет портал за информирање.

По дебатата, во просториите на новиот амам, беше отворена изложбата „Градот Иф во Втората светска војна“, на која низ фотографии и видео инсталации присутните можеа да се запознаат со историјата на оваа француска општина.

Општината Иф и општината Дебар се збратимени од 2009 година и заедно соработуваат на голем број проекти, најмногу во областа на културата и младите.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix