На 21 ноември 2015 година, во просториите на Културно информативниот центар во Скопје се одржа обука на тема “Како да се живее (и да се заработи) со занаетчиска дејност и одржливи активности”, организирана од здружението на граѓани Контрафор.
Обуката беше отворена од страна на амбасадорката на Република Франција во Македонија, Н.Е. Г-ѓа Лоренс Оер, која нагласи дека занаетчиската дејност е големо значење за економскиот развојот и одржување на културното наследство на Македонија.
Настанот беше можност да се презентира репортажата „Искуства и поддршка“ направена за време на студиската посета на жените занаетчии од Македонија во Долна Нормандија. Репортажата беше презентирана на сателитскиот канал 2 на македонската национална телевизија.
На обуката учествуваа околу 30 жени занаетчии кои имаа можност да ја проследат презентација на тема “Како да се живее (и да се заработи) со занаетчиска дејност и одржливи активности”, со економскиот експерт г-ѓа Афрoдита Ѓука и заеднички да разговараат за условите и напредокот на оваа дејност.
Проектот „Жените во малите занаетчиски бизниси“, е спроведуван од НВО Контрафор, и финансиски поддржан од соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија во рамките на повикот за проекти 2015/2016 година.