Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

9 дек. 2015

Петто издание на „Ден на компаративно право“ во Скопје

Петто издание на „Ден на компаративно право“ во Скопје

Categories: Човекови права  / 

На 9 декември 2015 година се одржа петтото издание на Денот на компаративно право помеѓу Франција и Македонија во Скопје на тема "слобода на вероисповед" организиран од Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен и Француската амбасада во Скопје во соработка со Правниот факултет „Јустинијан Први“, Скопје.

Настанот го отвори амбасадорката на Франција во Македонија Н. Е. г-ѓа Лоранс Оер која ја нагласи важноста на размените помеѓу Франција и Македонија во областа на човековите права особено во академски кадар.

За време на овогодишното издание на Денот на компаративно право се споредуваа разликите на правото на слобода на вероисповед во Франција и во Македонија. Професори по право од факултетот во Скопје и во Каен презентираа на оваа тема во присуство на студентите од Правниот факултет во Скопје и 20 студенти од Правниот факултет во Каен. Темата стимулираше богата дебата и интересни дискусии помеѓу студентите.

Повеќе информации во врска со програмата на овој настан се достапни тука.

За време на настанот беше промовирана и публикацијата на Актите од второто издание на Денот на компаративно право на тема „Административно право“.

Овој настан е поддржан од соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x