Во август 2015, проектот „По стапките на Албер Лондр“ се реализираше во Македонија и Албанија. Во текот на две недели, учесниците на проектот, идни и веќе искусни новинари дискутираа на тема на Балканот и Сеќавањата од Првата светска војна во регионот. Учесниците од Франција, Албанија и Македонија комуницираа и ги споделуваа своите знаења на француски јазик. Благодарејќи на Франкофонската емисија Destination Francophone, патувачкиот семинар „По стапките на Албер Лондр“ се емитува на француска националната телевизијата ТV5 Monde. Destination Francophone е емисија која се бави со францускиот јазик и култура во земјите од светот.
Репортажата и дополнителните видео материјали се достапни на следниов линк.
Франкофонијата и едукацијата на млади луѓе се една од главните на теми на соработка Долна Нормандија/ Македонија.
Овој проект е реализиран во рамките на Мрежата Франција- Балкан, водена од областа Виши Оверњ, а под раководатво Долна Нормандија и АЛДА Скопје.