Kампањата за информирање на младите „Право на младинско информирање - Информирај се СЕГА!“ започна на 1 декември 2015 година. Оваа кампања ја започна Коалицијата СЕГА и нејзините членови, информативните центри во Прилеп и Кавадарци, во соработка со Националната агенција за млади и спорт.
Целта на оваа кампања е младите полесно и поефикасно да доаѓаат до информациите кои ги засегаат.
Кампањата ќе се состои од спроведување на анкета кај младите која ќе ги дефинира темите на кои тие најмногу би сакале да бидат информирани. Здруженијата посветени на работа со млади и надлежните јавни институции ќе се запознаат со темите и ќе преземат иницијатива да се проследат потребните информации до младите за време на кампањата. Ќе биде организирана и една голема уметничка активност (flashmob, фреска или заедничка музичка активност...) околу темата "Информариње на младите". Дополнително, ќе биде организиран за младите и натпревар за најдобра фотографија на тема младинско информирање во март 2016 година.
Оваа активност се одвива во рамките на акцијата за младинско информирање која Коалицијата СЕГА ја спроведуваа веќе 10 години во рамките на соработката помеѓу Нормандија и Македонија. Отворањето на Инфо Центрите во Кавадарци и Прилеп се резултати на размената на добри искуства помеѓу Нормандија и Македонија.