Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

14 мар. 2016

Претставување на Соработката и нејзините активности во Македонија

Претставување на Соработката и нејзините активности во Македонија

Categories: Координација  / 

Соработката помеѓу Нормандија и Македонија и нејзините активности беа претставени на два настани посветени на младите во Скопје на 11 и 15 март, 2016 година.

Семинарот „Think Globally“ посветен на младинските работници, во организација на мрежата European Youth4Media се одржа на 11 март во Скопје. Младински работници од повеќе европски земји  разменуваа мислења на теми поврзани со образованието на младите. Ивана Димитровска, директорка на канцеларијата за соработка, ја презентираше Соработката Нормандија-Македонија како и спроведените активности посветени на младите. Таа ги спомена разновидните размени на млади помеѓу Нормандија и Македонија, средношколските размени како и неформалните размени на тема театар, животна средина, меѓукултурните размени и др. Европската Мрежа Youth4Media е организација која работи во медиумскиот сектор и се стреми кон медиумската писменост на граѓаните, со посебен акцент на младите луѓе.

Здружението на студенти од Факултетот за политички науки од Дижон, Франција „Bourgogne Balkans Express “ организираше семинар посветен на студентите по политички науки на 15 март 2016 година. Соработката помеѓу Нормандија и Македонија  беше претставена за време на семинарот на кој се зборуваше за предизвиците со кои се  соочува животната средина и економијата во Македонија и како да се надминат во процесот на пристапување во Европската унија. Овој настан беше можност да се разгледа улогата на соработката во процесот на европска интеграција преку своите активности за поддршка на децентрализацијата и локалниот развој, преку зајакнување на капацитетите на националните и локалните македонски чинители и размена на добри практики преку соработката со Нормандија. Соработката го покани својот партнер, Биди Зелен, организација која беше претставена на Самитот за климатски промени (COP 21), со цел да ги презентираат своите активности поврзани со животната средина.


Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x