Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

11 апр. 2016

Соработка помеѓу Пелагонија и Областа Мон-Сен-Мишел на тема туризам и културно наследство

Соработка помеѓу Пелагонија и Областа Мон-Сен-Мишел на тема туризам и културно наследство

Делегација од Центарот за развој на Пелагонискиот регион ја посети Областа на заливот Мон-Сен-Мишел од 22 до 25 март 2016 година со цел да ги споделат заедничките искуства за активностите спроведени во рамките на нивната соработка на тема туризам и културно наследство.

Претставниците на Пелагонискиот регион ја претставија новата апликација за дигитална навигација, која беше конципирана во соработка со Областа на Мон-Сен-Мишел. Оваа апликација е наменета за туристите кои ќе го посетат регионот и ќе ги следат пешачките патеки до црквите и манастирите на планината Баба. Апликацијата ќе биде достапна на 3 јазици: македонски, француски и англиски.

Беа подготвени и дополнителни промотивни материјали на француски јазик за посетителите да можат да ја истражат подобро историјата на овие објекти.

Претставниците на Областа на заливот Мон-Сен-Мишел ги претставија нивните активности во рамките на програмата „Селото како Културно наследство на Областа на заливот“. Програмата се состои од обележување на селата со цел да се развие туристичката мрежа и да се подобри комуникацијата во регионот.

Во текот на патувањето, делегацијата беше примена од страна на Градоначалникот на Авранш, а  потоа ги посети туристичките локалитети на територијата на Областа на заливот Мон-Сен-Мишел. За време на посетата, тие се запознаа со локалните ракотворби, од кои везот им остави посебен впечаток. Тоа ги поттикна партнерите да предвидат идни активности кои би го вклучиле овој вид на ракотворба кој е широко распространет и во Пелагонија.

Регионот Пелагонија и Областа на заливот Мон-Сен-Мишел соработуваат многу години во рамките на Соработката помеѓу Нормандија и Македонија. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x