Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

14 апр. 2016

Размена на практики за лековити и ароматични билки помеѓу Нормандија и Македонија

Размена на практики за лековити и ароматични билки помеѓу Нормандија и Македонија

Од 26 април до 1 мај 2016 година, тројца берачи на билки од Македонија ќе отпатуваат во Нормандија, Франција за да развијат соработка со локалните произведувачи на лековити растенија и да учествуваат во нивните активности во  Калвадос и во Орн.

Целта на овој проект е да се развие овој сектор во Нормандија и Македонија, подобро да се вреднуваат производите на локалните берачи и произведувачи и да се поттикнат партнерствата со Македонија. Производството на ароматични и лековити билки има голем потенцијал за развој на економија и туризмот бидејќи интересот за здравата исхрана и алтернативна медицина е во пораст на територија на Европа. 

За време на шестдневните размени, берачите ќе учествуваат на работилници за готвење со диви растенија и за обработка на лековити билки. Учесниците на работилниците ќе можат да проследат краток видео запис за патувањето на берачите од Нормандија  во Македонија, по што ќе следи дебата за занаетот на берачите во двете земји во рамките на фестивалот Балкан Транзит. Берачите исто така ќе го посетат пазарот во градот Конде-сур-Ноаро, ќе одат на две ботанички прошетки и ќе имаат можност да се запознаат со морските билки кои виреат околу заливот на Мон-Сен-Мишел. Дел од патувањето ќе биде и средбата со градоначалникот на градот Ла Карнеј. 

Целосната програма на активностите е достапна на интернет страницата на Здружението Savoir-Faire & Co

Проектот „Ароматични и лековити растенија: вредност на природно наследство“ се спроведува од страна на француското здружение Savoir-Faire & Co и македонските организации Рурална коалиција и Slow Food Водно  во рамки на повикот за проекти 2015/2016 година на соработката помеѓу Нормандија и Македонија. 
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x