Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

25 апр. 2016

Работилници за Првата светска војна во Македонија за двојазичните паралелки

Работилници за Првата светска војна во Македонија за двојазичните паралелки

Categories: Млади, Сеќавање  / 

Оваа година Францускиот институт во Скопје организира работилници на француски јазик посветени на Првата светска војна во Македонија. Тие се наменети за средношколците од двојазичните француско - македонски паралелки од Македонија. Целта на работилниците е да се поттикне љубопитноста кај младите за настаните што се случувале во нивната земја пред 100 години.

На 25 април 2016 година, една работилница беше организирана за средношколците од Неготино. Работилницата беше предводена од Жули Лами, студентка по историја на универзитетот во Каен, Нормандија која во моментов стажира во Францускиот институт во Скопје, со поддршка на Петар Тодоров, историчар во Институтот за национална историја на Македонија.

Работилниците на Францускиот институт во Скопје се дел од програмата за Прва светска војна во Македонија спроведена во рамките на соработката помеѓу Нормандија и Македонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix