Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

21 мај 2016

Изложба за „Културното наследство на Дебарскиот регион“

Изложба за „Културното наследство на Дебарскиот регион“

Од 20 мај 2016 година, Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар свечено ја отвори изложбата посветена на културното наследство на регионот и неговите природни богатства. Во рамките на изложбата беа изложени и приватните збирки на граѓаните од регионот.

Изложбата е поставена во Центарот на култура во Дебар и се состои од предмети од секојдневниот живот од минатото како кујнски предмети, накит, музички инструменти, народни носии итн. Целта на изложбата е да се долови богатството на традициите на различните заедници кои живеат во регионот на Дебар.

Изложбата  „Културното наследство на Дебарскиот регион“ е организирана во рамките на проектот „Вкрстено наследство“ на Центарот за одржлив развој на заедницата од Дебар во соработка со градот Иф, Нормандија и Дебар. Овој проект е поддржан од соработката помеѓу Нормандија и Македонија, во рамките на повикот на проекти 2015/2016.





Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix