Ана Лазаревска, уметник и фотограф од Македонија беше на 3 неделна уметничка резиденција во Нормандија од 13 јуни до 2 јули 2016 година во Регионалниот културен центар „2angles“ во Флер.
За време на престојот, Ана Лазаревска работеше на својот уметнички проект посветен на проучување на формата. На крајот на уметничката резиденција таа создаде нова серија фотографии насловена „Структури“, нејзините дела се инспирирани од форми и материи карактеристични за Нормандија. На крајот на резиденцијата фотографиите беа изложени пред француската публика во Нормандија.
Оваа резиденција е дел од проектот „Уметничка мобилност“ предводен од страна на Локомотива, центарот за нови иницијативи во уметноста и културата, во партнерство со Регионалниот културен центар „2angles“ од Нормандија. Овој проект е изработен во рамките на соработката помеѓу Нормандија и Македонија.
Ова е втората резиденција од ваков вид, во октомври 2015 година, македонскиот уметник Иван Ивановски беше на уметничка резиденција во Регионалниот културен центар „2angles“ каде работеше на својот уметнички проект посветен на скулптурата.