Формиран во 2015 година, Младинскиот информативен центар „ИНФО СЕГА“ од Кавадарци е резултат на долгогодишната соработка на Коалицијата на младински организации СЕГА во рамки на програмата за соработка помеѓу Нормандија/Македонија. Коалиција СЕГА, како координатор на Инфо центарот во Кавадарци работи на постојано јакнење на капацитетите на своите младински работници. Неколку размени на добри практики со младински информативни центри од Нормандија веќе беа спроведени.
Во таа насока, дел од тимот на ИНФО СЕГА Кавадарци беше на студиска посета во Казарца, Италија од 4 до 8 јули 216 година.
Оваа студиска посета беше можност да се разменат добри практики и искуства и да се запознае работата на младинскиот информативен центар од Казарца. Тема на средбите беа младински локални политики, спроведување на младински проекти и можности за развивање на заеднички проекти.
Младинскиот информативен центар „ИНФО СЕГА“ Кавадарци е поддржан од програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија, и раководен од Коалиција СЕГА во партнерство со општина Кавадарци.
Оваа активнсот е спроведена во рамки на проектот PALE.DE, финансиски поддржан од италијанскиот регион Фриули Венеција Џулија, а спроведен од Општина Казарца, Конзорциум Леонардо, Организацијата Ноџе, АЛДА Скопје, Коалиција СЕГА и Општина Кавадарци.