На Светскиот ден на бегалците се одржа меѓународниот семинар насловен „Соработка и добро раководење со миграциите во Западен Балкан и во Централно –европските земји“.
Овој дводневен настан организиран од страна на АЛДА Скопје, се одржа на 20 и 21 јуни во Скопје и обедини 27 партнери од 11 земји и повеќе од 70 меѓународни учесници кои работат на оваа тема, локални и централни власти и граѓански организации од Европа.
Учесниците деискутираа на тема интеграција на бегалците на локално ниво, преку образовни програми и стручни обуки, како и за улогата на граѓаните и на медиумите во борбата против предрасудите. Тема на дискусија беше и начинот на создавање на партнерства кои водат кон создавање на инклузивни општества. Дискусиите им помогнаа на учесниците да подготват соодветни препораки и можни решенија за почитување на човековите права и политика за интеграција која би ги предвидела предизвиците на бегалската криза. Предлозите се однесуваа особено на зајакнување на мрежата помеѓу националните тела, локалните власти и граѓанското општество.
На покана од Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен, партнери на овој проект, експертите од регионот Нормандија го споделија своето искуство и експертиза за време на настанот. Катрин Амели Шасан, раководител на магистерската програма за основни права на Универзитетот во Каен и Брижит Л Кутур, член на здружението „Itinérance“ од Шербур, ја претставија состојбата на прием на бегалците во Франција и Нормандија.
Семинарот беше организиран во рамки на проектот „WELCOMING – Поттикнување соработка за раководење со миграциите на европско ниво“. Овој проект е ко- финансиран од Централно-европската иницијатива (ЦЕИ), Европската унија, Соработката помеѓу Нормандија и Македонија и Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен во рамките на програмата за Човекови права.
Сликите од семинарот можете да ги погледнете тука.