Шестото издание на Деновите на компаративното право во Каен беше посветено на правото на азил, како европски предизвик за време на бегаската криза.
На 10 јуни 2016 година, стотина учесници од Нормандија кои работат на оваа тематика како и студенти по право беа дел од овој настан.
Предавањата беа спроведени од страна на професори по право од француските универзитети кои се запознаени со спроведувањето на реформата на правото за азил во Франција. Сашо Георгиевски, професор на Правниот факултет „Јустинијан први“ ја претстави оваа комплексна тематика во контекст на македонското право и разликите во процедурите на правото на азил кои соодветсвуаат во повеќето земји на Балканот.
Настанот беше организиран од страна на Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен во соработка со Универзитетот во Каен, Нормандија и Центарот за истражување на основните права и еволуција на правото (CRDFED). Оваа активност беше организирана во рамките на програмата за Човекови права на соработката помеѓу Нормандија и Македонија.