На шеснаесеттото издание на Универзитет на мирот присуствуваа 25 млади од Франција, Русија, Канада, Мароко, Мадагаскар, Гвинеја, Того, Камерун и тројца учесници од Македонија.
Од 27 јуни до 2 јули 2016 година, во Каен, младите имаа можност да ги разменат искуствата на своите земји на тема културните права. Предавањата на меѓународните експерти им овозможија на младите да се здобијат со познавања на правото, но и да ја анализираат состојбата на културните малцинства во одредени региони од светот. Состојбата на Македонија беше преставена од страна на Јордан Плевнеш, ректор на Универзитетот за аудиовизуелни уметности – ЕСРА.
Овој настан, иако се одржува на Универзитетот во Каен, беше отворен за сите млади кои се заинтересирани за оваа тематика, а не само за студентите по право. Целта на универзитетот на мирот беше да се создаде место за размислување на тема: „Културните права, придонесуваат за услови на мир? “. Младите беа поттикнати да ги споделат искуствата со цел да станат амбасадори на мирот при нивното враќање во своето место на живеење.
Овој настан е организиран од страна на Меѓународниот институт за човекови права и мир од Каен во рамките на програмата за Човекови права на соработката помеѓу Нормандија и Македонија.