Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

18 јул. 2016

Соработката Нормандија - Македонија претставена на летната школа за Франкофонија во Лион

Соработката Нормандија - Македонија претставена на летната школа за Франкофонија во Лион

Categories: Координација  / 

Меѓународниот институт за Франкофонија ја организираше летната школа за Франкофонија во Лион на тема Франкофонија и децентрализација од 11 до 15 јули 2016 година.  

Локалниот развој, процесот на децентрализација и децентрализираните соработки во земјите членки на Меѓунардоната организација на Франкофонија беа централни теми на овогодинешната летна школа.

Програмата за соработка помеѓу Нормандија и Македонија беше претставена како успешен пример за размена на добри практики и искуства во делот на децентрализираните соработки во земјите од Франкофонија. Оваа соработка претставува платформа за поддршка на меѓународната соработка на територијалните единици од Нормандија и Македонија. Активностите кои се спроведуваат во рамки на соработката го помагаат процесот на децентрализација на двете територии.

Истовремено, настанот беше можност да се запознаат со различни модели на децентрализација и децентрализирани соработки, нивните институционални аспекти и влијанието врз економскиот, социјалниот и културниот локален развој.

На летната школа учествуваа претставници на локалните заедници, дипломати, пратеници, економски оператори, унивезитетски професори и истражувачи, експерти, консултанти и претставници на граѓанските организации кои работат во областа на локалниот развој од голем број земји членки на Франкофонијата.

Меѓународниот институт за Франкофонија ја организира летната школа за Франкофонија уште од 2003 година, во партнерство со Меѓународната асоцијација на франкофонски региони и Меѓународната организација на Франкофонија.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix