Бруно Велјановски е победникот на второто издание на натпреварот за мини-видео организиран од Францускиот институт во Скопје во рамките на Францускиот филмски фестивал FFF.mk.
Втора година по ред, победникот на натпреварот е награден со престој во Трувил, Нормандија, каде ќе учествува на фестивалот „Off-Courts“. Од 2 до 9 септември, Бруно Велјановски учествуваше на работилниците за меѓународни уметници и притоа подготви второ мини-видео. Тој со задоволство учествуваше на остатокот од програмата на фестивалот и се сретна со многу професионалци од сферата на кинематографијата од Франција и пошироко.
Наскоро тој самиот ќе го сподели своето искуство со нас преку интервју.