Фотографии и дела од црквите од Нормандија ќе бидат изложени во Музејот на Град Скопје од 13 до 19 октомври 2016 година. Изложбата Божествена убавина се состои од 40 дела кои сведочат за богатството на религиозното творештво и културното наследство на Нормандија.
Изложбата беше свечено отворена на 13 октомври 2016 од страна на Н.Е. Амбасадорот на Франција во Македонија, Директорот на Музеј на Град Скопје, Претседателот на здружението Македонида и претставници на канцеларијата на соработката помеѓу Нормандија и Македонија.
Изложбата е изработена од страна на Регионот Нормандија и Генералната дирекција за културно наследство на регионот со цел да биде изложена во Македонија. Кураторот на изложбата, Емануел Луис исто така беше дел од церемонијата на свеченото отворање и одржа предавање на 14 октомври во Францускиот институт во Скопје.
Оваа изложба е дел од проектот „Промоција и конзервација на сакралното културно наследство на Македонија и на регионот Нормандија“ спроведен од здружението Македонида. Во мај 2016 година, Македонида ја претстави својата изложба посветена на сакралното културно наследство на Македонија во манастирот „l’Abbaye aux Dames“ во Каен.
Овој проект е поддржан од Соработката помеѓу Нормандија и Македонија во рамките на повикот на проекти 2015/2016.