Како и секоја година, младите од Македонија имаа можност да ги откријат можностите за студирање во Франција и во странство.
Оваа година, саемот за студии во странство, организиран од Францускиот институт во Скопје се одржа на 27 октомври во Националната и универзитетска библиотека во Скопје. Голем број на идни студенти, средношколци и професори го посетија саемот.
Младите имаа можност да се запознаат со повеќе Француски универзитети и училишта. Двајца претставници од секторот за меѓународна соработка на Универзитетот од Каен, Нормандија ги презентираа можностите за студирање на македонските студенти.
За првпат оваа година, дел од саемот беше посветен на туристичките можности на француските региони. Младите можеа да ги проследат презентациите за Алзас, Корзика и Нормандија. Претставници од канцеларијата на Соработката помеѓу Нормандија и Македонија ги преставија најзначајните туристички места во Нормандија и карактеристиките на регионот.
Благодарејќи на овој саем, како и на соработката помеѓу Универзитетот во Каен, Нормандија, Францускиот институт во Скопје и соработката помеѓу Нормандија и Македонија, оваа година за првпат 8 студенти ги започнаа своите студии во Каен.