Од 15 до 21 октомври 2016 година, претставниците на Коломбел ја посетија Општина Новаци и Македонија. Ова беше првата средба помеѓу идните партнери, Новаци и Коломбел, кои ќе потпишат Меморандум за соработка во ноември 2016 година. За време на средбата идните партнери разговараа за можните активности на соработката.
Делегацијата од Нормандија беше составена од г-ѓа Енриет Еуд, советничка за меѓународна соработка на општината Коломбел и Матилд Опкин, директорка на библиотеката „Le Phénix“ од Коломбел.
Во Новаци, делегацијата беше пречекана од Градоначалникот, Лазар Котески, заедно со кој претставниците ги посетија основното училиште, градинката и Младинскиот- културен центар на општина Новаци. Тие исто така имаа можност да го посетат Комуналното претпријатие на општината.
Бидејќи темата на Првата светска војна веќе е дел од соработката на двете општини, делегацијата беше во посета на линијата на фронтот, каде што можеа да ги видат конструкциите градени за време на Првата светска војна. Општината Новаци исто така ја искористи оваа средба да ги претстави промотивните материјали за Историјата на Првата светска војна во Македонија изработени со поддршка од Соработката помеѓу Нормандија и Македонија.
На крај од оваа посета, г-ѓа Еуд и г-ѓа Опкин имаа средба во Францускиот институт во Скопје со г-ѓа Изабел Марки-Барбо, Директорката на Францускиот институт и Советничка за соработка и култура при Амбасадата на Франција.