Уметничкиот колектив A.lter S.essio од Нормандија беше дел од настанот Платформ(а) организиран од страна на Локомотива.
Уметниците Фабрик Планкет и Јам Кеико Такајама се преставија со својот перформанс „LOSS-LAYERS “ на 15 декември 2016 година во Скопје. Покрај уметниците од Нормандија на настанот учествуваа уметници од Германија, Бугарија и Хрватска.
Со помош на трите елементи: звук, слика и тело, оваа креација ја поттикна македонската публика да размислува за местото на телото и на човекот во еден непријателски свет, исполнет со ситуации на загуба на баланс, релација, контрола, идентитет.
Настапот на A.lter S.essio е организиран во рамките на соработката на здружението Локомотива - Центар за нови иницијативи во уметноста и културата и Регионалниот културен центар „2Angles“ од Нормандија. Во јуни 2016 година, центарот „2Angles“ беше домаќин на уметник од Македонија. Овие проекти се реализираат во рамките на програмата за уметничка размена на Соработката помеѓу Нормандија и Македонија.