Во 2008 година, Марлен Ноел од катедрата по историја на Академијата во Каен го поттикна вмрежувањето на институциите во Нормандија што работат на темата на Првата светска војна, како одговор на повикот на децентрализирана соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија поддржана од Регионалниот совет на Долна Нормандија. Средните училишта „Жан Мермоз“ од Вир, Нормандија и „Јосип Броз Тито“ од Битола, Македонија го формализираа своето партнерство во октомври 2009 година во рамките на проектот. Голем број на експерти се придружија на соработката, меѓу кои се истакнаа Софи Кевилон, истражувач при Регионалниот Археолошки сервис, историчарот Јан Томас и Александар Стојчев, директор на Воениот музеј на Република Македонија. Француската алијанса во Битола, со поддршка на нејзиниот директор во тој период, Мари Ватело-Жаман, Гијом Жавуре и Каролин Потел Златевска, сегашниот директор, продолжи да ја поддржува соработката со двете училишта. Од 2014 година, проектот продолжува со активностите во координација на АЛДА Скопје.
Истражувањата и активностите посветени на Првата светска војна од 2009 до 2016 година
Првото теренско истражување
Првото теренско истражување на учениците од двете територии во придружба на нивните професори и групата на научници се одржа од 25 април до 2 мај 2010 година. Во истражувањето учествуваа 15 ученици од Франција, 15 франкофони-ученици од Македонија, 4 професори од Франција, 2 професори од Македонија, командантот за цивилна заштита од Битола и толкувач.
Учениците направија теренски и топографски истражувања за поранешната линија на фронтот во планинските села и врвови (ноември 1916 година до септември 1918 година) по течението на Црна река. Учениците и наставниците направија археолошки истражувања на утврдувањата, рововите, и преку разговор ги открија фамилијарните спомени на жителите од регионот.
Втората посета (други 15 ученици и 4 професори) се одржа од 23 април до 2 мај 2012 година. Престојот во Македонија беше посветен на археолошки и теренски истражувања (белешки, топографски истражувања, фотографии, скици ) со цел да се долови културата на една балканска земја. Како и во 2010 година, учениците од Нормандија беа сместени кај своите соученици во Македонија.
Во јули 2014 година, Ерик Алар и Пјер Бенаби ја посетија Македонија без учениците за да ги довршат истражувањата со колегата Иљо Трајковски.
Во април 2016 година се одржа третата посета на фронтот по течението на Црна Река. Учествуваа 20 ученици и 3 професори од Нормандија во придружба на Лоран Кастан, потомок на војник од Првата светска војна.
Во ноември 2014 година, проектот доби официјална потврда дека е дел од програмата на Франција посветена на Стогодишнината од Првата светска војна, што беше потврдено уште еднаш во ноември 2016 година.
Изданија, изложби, одбележувања, предавања
• Објава на дневникот од патувањето од 2010 на учениците.
• Издавање на делото „Историја, сеќавање и археологија на Источниот фронт во Македонија 1916-1918“ (Sur les traces des poilus d’Orient. Histoire, mémoire et archéologie du Front d’Orient en Macédoine 1916-1918). 84 страни. Мултидисциплинарно истражување. 2012
• Изложба во два серии по 21 дело (0,60 X 0,80 m) посветени на резултатите на двете истражувања на библиотеката во Вир (2011, 2013), Улгат (2015) и Троарн (2015).
• Изработка на спомен плоча од челик, посветена на војникот и уметник Етјен Валантан од страна на учениците од прва година од отсекот за изработка на индустриски котли од средното стручно училиште Жил Верн од Мондвил, под надзор на професорката Силви Гуитон. Организација на транспортот и на доставувањето на спомен-плочата во Битола беше доделена на учениците од втора година на отсекот за логистика од средното стручно училиште Жан-Мермоз од Вир. Спомен плочата беше доставена и свечено поставена во ноември 2014 година на француските воени гробишта во Битола со помош на Француската Армија.
• Присуство на комеморацијата на Стогодишнината од Првата Светска Војна на француските и германските воени гробишта од Битола и Прилеп во ноември 2014 година.
• Учество во церемониите на Триумфалната капија посветена на војниците од Источниот фронт на 25 април 2015 година, по повод одбележувањето на годишнината од отворањето на источниот фронт (април 1915), на покана на Националната асоцијација за спомен на Дарданелите и источниот фронт.
• Предавања на Пјер Бенаби и Ерик Алар на конференцијата на тема „Првата светска војна во колективното сеќавање: размена на искуства од Балканот“ во организација на здружението ХАЕИМУС и АЛДА во ноември 2015 година.
• Размени со општината Новаци во 2016 година со цел да се збогати колекцијата на паноа за туристичката тура на линијата на фронтот.
• Јуни 2016 година. Издавање на „Враќање во Македонија, Историја, сеќавање и археологија на Источниот фронт во Македонија 2012-2014, 2 дел “
• Јуни 2016 година. Учество во научната група за поддршка за Првата светска војна во Македонија, составена од страна на Францускиот Институт во Скопје.
• Есен 2016 година. Првите обиди за изработка на дигитална мапа според француските воени архиви од 1917-1918 и систем на географски информации –од страна на Одделението за обука и истражувања на катедрата по географија на Универзитетот во Каен, Нормандија. Географот Жан-Мишел Кадор ја состави екипата.
• Ноември 2016 година. Завршна изложба на делата изработени за време на шестгодишните истражувања на тема на Првата светска војна во Македонија. Свечено отворање во библиотеката во Вир на 9 ноември 2016 година. Изложбата беше достапна за јавноста до 30 ноември 2016 година.
• Презентација на проектот на настанот 19-ти Состанок на Историјата во Блоа од 6 до 9 октомври 2016 година.
• Петто теренско истражување (3Д-мапирање и археолошко истражување) предвидено за јули 2017 година.
Ерик Алар и Пјер Бенаби, Професори по историја при средното стручно училиште Жан Мермоз
Од веб страна Mission du Centenaire