По втор пат канцеларијата на Соработката помеѓу Нормандија и Македонија ќе биде домаќин на двајца волонтери од Франција во рамките на програмата „Еразмус +“.
Следните 12 месеци, Сара Фроман и Корантан Про ќе бидат дел од екипата на соработката во рамките на проектот „Младите за Европа“. Тие ќе работат на повеќе тематики како меѓукултурни размени, европско граѓанство, млади и франкофонија.
Проектот „Младите за Европа“ е финансиран од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност во рамките на програмата Еразмус +.