Форумот „Европски перспективи за локалната самоуправа“ ќе се одржи од 29 до 31 март 2017 година во Битола. На Форумот ќе учествуваат 70 претставници на локалните власти и други засегнати страни на локално ниво.
Целта на овој форум е да се дискутира за процесот на европска интеграција на Република Македонија и користење на европските фондови, со посебен фокус на улогата на локалната самоуправа. Овој тридневен настан се состои од неколку обуки и информативни сесии, работилници и дебати.
Форумот е отворен за: членови на општински совети, државни службеници кои работат во општина, претставници од центри за регионален развој и граѓански организации.
Крајниот рок за пријавување е 6 март 2017 година. За повеќе информации за учество на Форумот ќе најдете во официјалниот повик. Доколку сакате да се пријавите на Форумот пополнете го Формуларот за учество и испратете го на е-пошта: aldaskopje@aldaintranet.org.
Форумот е организиран во рамки на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Македонија, која е координирана од страна на АЛДА (Европската асоцијација за локална демократија) во соработка со Министерството за локална самоуправа и Секретаријатот за европски прашања. Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.