Од 2009 година, Институтот за човекови права и мир во Каен го организира Универзитетот на мир за триесет студенти од целиот свет кои сакааат да го усовршат своето образование во насока на мирот. „Преговори за мир“, „Град и мир“, „Културни права - фактори за мир?“ се неколку од темите кои беа опфатени претходните години. Под менторство на наставниот кадар составен од амбасадори, претставници на меѓународни организации, експерти и универзитетски професори, младите ќе следат предавања во текот на една недела и потоа ќе подготват студија на зададена тема.
Правила на учество
За да учествуваат во овој повик, кандидатите треба да ги исполнуваат следниве услови:
•да бидат македонски државјани*;
•да се на возраст од 20 до 28 години;
•да бидат франкофони;
•да имаат завршено минимум 3 години од универзитетски студии во следниве дисциплини: право, социјални науки, политички науки, историја или француски јазик (книжевност или превод и толкување).
* Овој повик се однесува само на младите од Македонија. Кандидатите кои се по потекло од други земји својата апликација за Универзитет на мирот треба да ја достават директно во Меѓународниот Институт за Човекови права и мир од Каен (www.2idhp.eu).
Стипендии за учество
На 4 млади од Македонија, избрани при овој повик, ќе им бидат доделени стипендии за учество од страна на соработката Нормандија-Македонија. Оваа стипендија ги покрива трошоците за превоз до 200 ЕУР. Трошоците за школарина се на сметка на учесниците.
Постапка за селекција
Доколку сакате сакате да аплицирате би ви биле потребни следниве документи:
- Формулар за пријавување,
- Кратка биогрфија,
- Потврда за последната добиена диплома,
- Фотографија во JPEG формат,
- Копија од пасош.
Дoкументите за аплицирање треба да се испратат на електронската адреса aldaskopje@aldaintranet.org најдоцна до 5 Мај 2017 година.