На 19 мај 2017 година, во библиотеката „Le Phénix“ во Коломбел, Нормандија ќе биде свечено отворена изложбата на фотографиите на Жереми Бишолц насловена „ Скопје низ објективот на Жереми Бишолц “ .
Во 2013 година, на покана на Францускиот Институт во Скопје, младиот фотограф помина една недела фотографирајќи го главниот град на Македонија. Фотографиите ја отсликуваат разновидноста на градот од историски аспект, како и мешавината на култури и архитектонски решенија кои го градат уникатниот стил на Скопје.
Првата изложба посветена на Градот Скопје на Жереми Бишолц беше организирана во април 2014 година во Националната галерија на Македонија.
Изложбата е организирана од страна на општината Коломбел во рамките на децентрализираната соработка помеѓу Коломбел и Новаци.