На 23 септември 2017 година во градскиот парк во Скопје, преку видео проекција беше претставен записот од претставата „Шепотењето на Антигона“ одиграна од младите актери од Дебар и Иф, во рамките на третиот Национален форум „Граѓаните за промени – ден на граѓанските организации“, организиран од страна на Цивика мобилитас.
Во опуштена атмосфера и во духот на приближување на граѓанскиот сектор кон граѓаните, посетителите можеа да уживаат во видеото од претставата адаптирана на три јазика: француски, македонски и албански јазик.
Оваа театарска претстава веќе беше одиграна во Македонија во Струга и Дебар во ноември 2015 година.
Овој проект е спроведен во рамки на соработката помеѓу општините Иф и Дебар, со помош на Центарот за одржлив развој на Дебар и театарската група „Et mes ailes“.