На 29 септември 2017 година, во рамки на меѓународниот фестивал за филм „Браќа Манаки“ во Битола, беше промовирана монографијата „Манаки – приказна во слики“ на фотографот Роберт Јанкуловски.
Приказната во слики за браќата Јанаки и Милтон Манаки е прва монографија од овој тип кој го следи нивниот животен и творечки пат. Монографијата опфаќа 128 репродукции на фотографиите на Манаки, како резултат на 15 годишното истражување на работата на овие фотографски и филмски пионери. Во битолското одделение на Државниот архив на Македонија има над 17 000 фотографии направени од браќата Манаки. Јанкуловски е првиот кој започнал да ги дигитализира и зачувува негативите од оригиналните стаклени плочи. „Битола е повеќе фотографски отколку филмски град“, изјави Јанкуловски за време на промоцијата, зборувајќи за работата на Јанаки и Милтон Манаки во овој регион.
Промоцијата на монографијата беше проследена со прикажување на документарен филм за браќата Манаки и изложба на нивните фотографии.
Програмата за соработка помеѓу Нормадија и Македонија финансиски го поддржа истражувањето и печатењето на монографијата.