Во рамки на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија Хелсиншкиот комитет за човекови права на Република Македонија (МХК) и Институтот за човекови права и мир од Каен, Франција организираат Школа за човекови права за млади од двете држави.
Школата на тема „Кривични дела сторени од омраза помеѓу младите на етничка и религиозна основа во Република Македонија и Каен, Долна Нормандија“ ќе се одвива од 19ти и 25ти август.
На школата ќе бидат опфатени две генерални теми: - Дела од омраза помеѓу младите по основ на етничка и религиозна припадност - Младински активизам како алатка за превенција на дела од омраза помеѓу младите.
Повикот е отворен за млади од Франција и Македонија на возраст од 18 до 24 години. Сите заинтересирани кандидати кои би сакале да земат учество треба да:
- Ја пополнат апликацијата
- Да приложат кратка биографија и,
- Да достават краток есеј за дела од омраза помеѓу младите во нивната локална средина. Есејот треба да содржи и мислење на апликантот/ката за тоа што се дела од омраза и како влијаат на младите во Р. Македонија.
Горенаведените документи доставете ги на: jasmina.golubovska@mhc.org.mk Комитетот ги охрабрува сите млади без разлика на нивната етничка и религиозна припадност да се пријават на оваа школа со цел да се дружат, учат и запознаат со млади од Франција со цел заедно да допринесеме за намалување на делата од омраза помеѓу младите во двете општества. Јазици на кои ќе се одвива школата се: англиски, француски, македонски и албански јазик.
За формуларот за аплицирање и за дополнителни информации кликнете тука.