Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

8 фев. 2018

Национална кампања за зголемување на свеста за работничките права на младите

Национална кампања за зголемување на свеста за работничките права на младите

Categories: Млади  / 

Околу 53.000 млади луѓе во Македонија се невидливи за институциите - никој не знае каде се или дали работат. Емил Крстаноски, национален координатор на Меѓународната организација на трудот во Македонија ги претстави фактите за време на панел дискусијата „Колку се почитуваат работничките права на младите во Македонија“, која се одржа во Скопје на 7 февруари 2018.

За време на панел дискусијата беа претставени сознанијата од национална анкета на темата. Резултатите покажуваат дека значителен дел од младите само делумно ги знаат нивните работнички права, а многу од нив откриваат непочитување на нивните работнички права од страна на работниците.

Панел дискусијата беше дел од национална кампања „365 работнички права за младите“, организирана од Коалицијата на младински организации СЕГА и медиумот Факултети.мк. Кампањата вклучува интернет-кампања за информирање на младите за нивните работнички права, обуки, работилници, анкети и информативни денови.

Националната кампања е финансиски поддржана од Децентрализираната соработка помеѓу Нормандија и Македонија. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix