Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

1 мар. 2018

Празникот “Chandeleur” одбележан во основното училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци

Празникот “Chandeleur” одбележан во основното училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци

По повод францускиот празник „Chandeleur” – Фестивалот на светлината или Сретение Господово кој се празнува на почетокот на месец февруари, во основното училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци се одржа презентација на значењето на овој празник и дегустација на палачинки на 20 февруари 2018 година. Се смета дека во V век папата Геласиј Први го започнал Фестивалот на светлината како свечена парада со свеќи низ улиците на Рим и делејќи солени палачинки на сиромашните верници, токму затоа палачинките се симбол на овој празник.

„Оваа работилница е дел од проектот „Мир и сеќавање, култура и културно наследство за градење на европски дијалог“ кој општина Новаци го спроведува во партнерство во општината Коломбел. Ова е еден многу креативен начин преку игра, забава но и се разбира учење да се запознаат со културата, традицијата и празнувањето во Франција.“ рече Љубе Кузманоки, градоначалник на општина Новаци.

Во рамките на имплементацијата на проектот „Мир и сеќавање, култура и културно наследство за градење на европски дијалог“  се реализираа неколку активности меѓу кои: истражување и презентација на Македонскиот фронт за време на Првата светска војна, квиз прашања за децата за научените лекции за Македонскиот фронт, историска работилница за „Денот Д и Битката за Нормандија“ за време на Втората светска војна, а на почетокот на март ќе се организира работилница за Месецот на Франкофонијата.

Меѓународната соработка помеѓу Новаци и Коломбел ќе продолжи понатаму со многубројни активности во 2018 година.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix