Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

7 апр. 2014

Младите од Медицинско-образовниот институт од Флери прикажаа два филма

Младите од Медицинско-образовниот институт од Флери прикажаа два филма

Иницијативата

Во вторникот вечерта, на 01 април 2014 година, младите од Медицинско-образовниот институт (ИМЕ) од Флери беа домаќини на своите најблиски и своите сограѓани, прикажувајќи им една малку поинаква видео проекција. “Вечерва младите претставуваат два филма, првиот ќе ја претставува општина Флери, а вториот – општина Карпош, во Македонија“ – објаснува Ани Колас, дефектолог и координаторка на проектот.

Проектот се потпира на соработката помеѓу двете општини и се вика Флери-сур-Орн – Карпош, филм за една средба. “Младите ги изработија двата филма од А до Ш: снимањето, тонската монтажа, изборот на кадри... Овој проект е многу вреден за нив.“

Откако се запознаа со видео технологијата и опремата, младите од ИМЕ одржаа средби со жителите на Флери. “Ги интервјуиравме касапот, градинарот и пекарот. Така се обучувавме тука, пред да одиме да го направиме филмот во Карпош“, се сеќава Еди.

Патувањето

Во ноември минатата година, осум млади од ИМЕ, придружени од три специјални едукатори, два професори и Жаклин Бори, советничка за култура при општина Флери, се упатуваат со авион во Македонија, за да поминат една недела во Карпош . “Бевме пречекани многу топло и пријатно“ – се сеќава Ани Колас. “Го презентиравме филмот за Флери пред жителите од Карпош, градоначалникот, едно здружение кое соработува со возрасни со хендикеп и во месната заедница на Карпош. Да се биде портпарол на општината, за младите е многу важно!“

За Јоан, кој работеше како тон мајстор, “патувањето беше супер! Двата града воопшто не се исти. Ги нема истите работи како тука и таму е поевтино. Всушност, поубаво е! Би сакале да се вратиме...“ Еди, кој претпочиташе да остане зад камерата,  особено се сеќава на убавите пејсажи и на Охридското езеро. Но, и тој е согласен : “Треба да продолжиме да учествуваме во соработката помеѓу двата града.“

По видео проекциите, присутните ја завршија средбата со мала дегустација на свежи производи.

оригинална верзија на француски јазик во весникот Уест-Франс (Ouest-France)

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix