Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

26 септ. 2014

Средба на збратимените градови од Долна Нормандија во Флери

Средба на збратимените градови од Долна Нормандија во Флери

Градовите од Долна Нормандија кои соработуваат со Македонија, имаа средба на 24 септември во Флери. Состанокот го организираше „Солидарни хоризонти“, асоцијација задолжена за соработката на општините во Долна Нормандија. Средбата беше одличен повод да се разменат идеи за иднината на соработката на градовите, но и да се дефинираат нови теми и активности за работа.

Претставниците на Советот на Долна Нормандија и француските локални власти од регионот, имаа можност да се информираат и за тековната ситуација по изборите одржани оваа година, и на двете територии. Присутните можеа да разговараат и за темите поврзани со културата и културното наследство, како една од главните оски на соработката за оваа година.

На состанокот присуствуваа и градоначалниците на Дебар и Иф, кои во истиот временски период имаа работна средба во Франција, со цел да го обноват меморандумот на соработка меѓу овие две општини.

Следната заедничка средба на градовите од двете територии е предвидена за октомври 2014 година, за време на Управниот одбор на сите партнери и актери кои учествуваат во програмата на децентрализирана соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија.

Галерија на фотографии

За повеќе информации и документи во врска со состанокот, посетете ја официјалната интернет страна на „Солидарни хоризонти”.
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix