Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

18 окт. 2014

Комитет за стратешко планирање – Дефинирање на следната година од соработката ДН/МК

Комитет за стратешко планирање – Дефинирање на следната година од соработката ДН/МК

Categories: Координација  / 

На 17 октомври 2014 година, институционалните партнери на соработката Долна Нормандија / Македонија одржаа средба во Каен, со цел да ја утврдат стратегијата на соработка на двете територии во претстојната фаза на програмата. Комитетот за стратешко планирање служи како советодавно тело кое се грижи за севкупниот процес на соработката и идентификување на потребите на партнерите согласно со меѓународната политика на Регионот Долна Нормандија и Република Македонија.

Оваа средба присуствуваа претставниците на институционалните партнери на соработката: министерот Лирим Шабани при Министерството за локална самоуправа на Македонија, Лоранс Оер, амбасадор на Република Франција во Македонија, Антонела Валморбида, генерален секретар и директор на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА), координатор на програмата. Средбата ја предводеше директорот на секторот за европски прашања и меѓународни врски при Регионалниот совет на Долна Нормандија, Александар Фоло, заедно со Сабин Гише Лебаји, раководител за меѓународна соработка и мобилност. На состанокот присуствуваа и Себастијан Ботро Бонтер, аташе за институционална и техничка соработка при Амбасадата на Франција во Македонија и Ивана Димитровска, одговорна за проектот и канцеларијата на соработката во Скопје.

Членовите на комитетот за стратешко планирање, на средбата зборуваа за изминатата година на соработката, правејќи преглед на сите клучни настани на двете територии кои влијаеле врз неа. Анализите од политичка, општествена и административна гледна точка имаа за цел да ја прикажат прецизната слика на програмата, со цел да се утврди следната стратешка година.

Идната фаза на соработката – новиот повик на проекти, кој треба да се имплементира во периодот од 2015 и 2016 година, беше исто така претставен на состанокот. Новата структура на соработка, која се воведе со повикот на проекти 2013-2014, донесе посилна динамика на соработка кај старите партнерства, воспостави голем број на нови, но и вмрежување на голем број организации и локални власти. Според присутните, тој природен процес на синергија меѓу партнерите (во областа на меморијалниот туризам, нови збратимувања на локални заедници и мобилност), понатаму може да резултира и со пошироки меѓународни партнерства, се цел да се зајакнат и двете територии.

Присуството на министерот Шабани од Македонија и амбасадорката на Франција, г-ѓа Оер на средбата во Каен, уште еднаш ја потврдија политичката волја за продолжување на децентрализираната соработка помеѓу Македонија и Долна Нормандија. Одлуките и заклучоците од оваа институционална средба ќе се формираат и според потребите на партнерите на соработката, кои ќе одржат годишна средба во Каен, во периодот од 21 до 23 октомври 2014 година.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix