На 18 и 19 октомври 2014 година, неколку македонски адвокати престојуваа во Франција со цел да се сретнат со своите француски колеги и да разговараат за положбата на адвокатите во правниот систем на една држава. На предлог на Амбасадата на Франција во Македонија и Адвокатската комора на Република Македонија, поддржани од страна на Адвокатската комора од Каен, оваа средба меѓу македонските и француските правници, организирана од страна на Институтот за човекови права и мир од Каен, се одржа во форма на обука за македонските адвокати.
За време на овие два дена исполнети со размена на искуства и знаења од областа на правото, присутните имаа можност да разговараат и за заштитата на приватноста и слободата кај сите луѓе, прикажувајќи ја централната улога која денес ја имаат адвокатите во правната држава, не само во Македонија и Франција, туку и воопшто во светот.
Оваа средба беше воедно и последна од циклусот на обуки кој започна пред три години, на иницијативата на Амбасадата на Франција во Скопје. Целта на циклусот на обуки беше да се поттикне продлабочена анализа за примената на основите права во дејноста на адвокатот. Активноста е дел и од децентрализираната соработка меѓу Долна Нормандија и Македонија, во која заштитата на човековите права е една од клучните теми на соработка.