Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

21 окт. 2014

Октомври – месец на соработката Долна Нормандија / Македонија

Октомври – месец на соработката Долна Нормандија / Македонија

Categories: Координација  / 

Пред почетокот на новата етапа на соработката Долна Нормандија / Македонија, овој октомври е посветен на размислувања, размени и дебати на сите полиња на работа, со цел да постигнат уште подобри резултати во иднина. По Комитетот за стратешко планирање, кој се одржа во Каен на 17 октомври 2014 година, помеѓу институционалните партнери на програмата, и оваа седмица, од 21 до 23 октомври, Регионалниот совет на Долна Нормандија е повторно домаќин на партнерите од повикот на проекти 2013 – 2014, локалните власти и организациите кои се за прв пат се среќаваат на тема меморијален туризам, новитет во соработката, произлезен од темата сеќавање и помирување.

На оваа средба на партнери ќе се сретнат околу 50 учесници од двете територии, претставници на локалната самоуправа и организации кои се вклучени во соработката. За време на овие три работни дена предвидени се повеќе состаноци, обуки и работилници за партнерите и збратимените градови, но и истражувачки посети за дел од учесниците.

Овие состаноци служат за ретроспектива и анализа на активностите спроведени во изминатиот период од 2013 до 2014 година и да ја дефинираат идната етапа на соработка во следните 12 месеци од тековната три-годишна програма, која го опфаќа периодот од 2013 до 2016 година.

Во текот на овие три дена планирани се и посети на неколку историски локации во Долна Нормандија, поврзани со Втората светска војна и Истоварувањето на сојузничките трупи во Нормандија. По тој повод, македонските учесници ќе имаат можност да се сретнат со француските експерти од областа на културното наследство и меморијалниот туризам, со цел да дознаат повеќе за вреднувањето на материјалното и нематеријалното културно наследство на својата територија и на тој начин да поттикнат креирање на политика за локален развој во Македонија, поврзана со историското наследство од Првата светска војна.

Годишните средби на партнерите на соработката, освен што претставуваат редовни средби за размена на работни искуства и резултати, воедно се и повод за дружење и зајакнување на долгорочните пријателства создадени меѓу партнерите од двете територии.

Тука можете да ја погледнете галеријата со фотографии од настанот.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x