Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

4 ноем. 2014

Голем број на општини и граѓански здруженија ја посетија Долна Нормандија

Голем број на општини и граѓански здруженија ја посетија Долна Нормандија

Categories: Координација  / 

Овој октомври во рамки на децентрализираната соработката Долна Нормандија – Македонија, 30 партнери од општините и граѓанскиот сектор од Македонија отпатуваа во Каен за да се сретнат со партнерите од Долна Нормандија. Оваа средба соедини повеќе од 50 учесници и поддржувачи на проектот за соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија се здобива на интензитет и се зголемува сè повеќе од година во година. Изминатата година во рамките на сорабтката беа реализирани 9 билатерални територијални проекти, продолжија соработките на градовите и уметничките размени и мобилноста на млади. Овие активности ангажираа повеќе од 50 чинители од двете територии, меѓу кои и дваесетина локални власти од Франција и Македонија.

Средбите започнаа со Комитетот за стратешко планирање на кој присуствуваа претставници на институционалните партнери на соработката : Министерот Лирим Шабани при Министерството за локална самоуправа на Македонија, Лоранс Оер, амбасадор на Република Франција во Македонија, Александар Фоло, Директор за меѓународна соработка на Регионот Долна Нормандија и Антонела Валморбида, генерален секретар на Асоцијацијата на агенции за локална демократија (АЛДА). Тие истакнаа дека се задоволни од досегашната работа на партнерите, од квалитетот на спроведените активности и воведувањето на новите теми во соработката : човекови права, културно наследство, сеќавање и помирување.

Партнерите на децентрализираната соработка од Долна Нормандија и Македонија: претставници на општини и здруженија на граѓани имаа можност да се сретнат и да разговараат за своите минати и идни активности. За време на престојот беа организирани голем број состаноци, обуки и работилници прилагодени на новите теми на соработката и потребите на различните партнери.

На средбите се дефинираше следниот период на соработка, новиот повик за проекти 2015-2016 кој ќе биде објавен во ноември, на кој како и претходната година ќе можат да учествуваат голем број чинители од Македонија и Франција. Новитет во програмата на соработката е темата на Прва светска војна во Македонија и Втора светска војна во Долна Нормандија. За таа цел, за општините и организациите од Македонија кои отпатуваа во Каен беа организирани истражувачки посети и состаноци, на кои беше претставена гранката меморијален туризам. Оваа студиска посета овозможи да се промовираат можностите од ваков вид на туризам, кој во Долна Нормандија функционира одлично и воедно да се разгледа потенцијалот кој го нуди Македонија на таа тема.

Оваа средба на партнери, како и голем број пред нив, овозможи да се зацврстат веќе постоечките соработки и да се формираат нови. Од 2006 година, децентрализираната соработка овозможува зајакнување на локалниот и регионалниот развој на двете територии и развивање на нови идеи за нивен напредок.

Тука можете да ја погледнете галеријата со фотографии од настанот.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x