Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

11 ноем. 2014

Комеморација на Првата светска војна на француските гробишта во Битола

Комеморација на Првата светска војна на француските гробишта во Битола

Categories: Сеќавање  / 
11 ноември, датумот кој го означува крајот на Првата светска војна ќе биде обележан на различен начин од страна на секоја нација во светот, но, со една јасна и значајна порака за мир.

На овој датум, Француската амбасада во Скопје организираше Комеморација посветена на француските војници кои се бореле и ги дале своите животи на Источниот фронт, на територијата на Македонија. Комеморацијата се одвиваше на француските гробишта во Битола каде се наоѓаат 6 626 француски гробови. Токму покрај тие гробишта Француската амбасада ја започна изградбата на „Меморијален центар“ посветен на француските војници. Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија го поддржува Меморијалниот центар во Битола и ќе придонесува и со територијални проекти на тема „Сеќавање и Прва светска војна“.

Комеморацијата имаше голем број посетители меѓу кои десет ученици од средното училиште „Жан-Мермоз“ од Вир. Учениците ја испејаа француската химна. Спомен плочата посветена на војникот Валентин а, изработена од страна на учениците беше инаугурирана за време на церемонијата.

Средното училиште „Жан-Мермоз“ од Вир е збратимено со средното училиште „Јосип Броз Тито“ од Битола од 2008 година во рамки на децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија. Токму таа размена помеѓу двете училишта придонесе за двајца професори од училиштето во Вир, Пјер Бенаби и Ерик Алар да започнат истражување за француската армија која била испратена на нашата територија за време на Првата светска војна. Поради богатите истражувања кои ги извршија на таа тема тие заедно со нивните ученици се дел од почесните гости на оваа Комеморација во Битола.

Источниот фронт на територијата на Македонија за време на Првата светска војна е од големо значење за историјата на Македонија и на Франција. Токму поради оваа  заедничка историја која ги спојува двете земји децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија ќе посвети дел од својата програма токму на овој дел од историјата кој е малку истражен досега.  За таа цел, соработката ќе има голем број активности околу Источниот фронт на темите : културно наследство, сеќавање, мир и помирување, меморијален туризам. Овие активности ќе се одвиваат во согласност со насоките на Француската амбасада во Македонија.

Тука можете да ја погледнете галеријата со фотографии од настанот.

 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x