Првата самостојна изложба на француската уметница Флер Елуин, насловена “За Каменот” беше поставена од 17 до 31 октомври 2014 во Галеријата Остен во Скопје и доби големо внимание од македонската публика.
За своите дела Флер Елуин се инспирираше од познатата опсерваторија Кокино. Таа престојуваше еден месец во Скопје во 2013 година, и за тоа време ги истражуваше чистите форми и атмосферата на Кокино која што ја преточи во нејзините дела. Изложбата се состоеше од цртежи со јаглен и мешавина на светликави издробени Мика камења од околината на опсерваторијата кои беа придружени со звучна инсталација. Музиката која беше дел од звучната инсталација е авторско дело на уметницата и е комбинација од природните звуци кои ги снимала околу опсерваторијата и „binaural beats“.
Со комбинирање на различните материјали во цртежите и придружните звуци, уметницата креира мултимедијално искуство за публиката и преку суптилната просторна инсталација ѝ овозможува да го доживее сензитивниот амбиент на опсерваторијата. Оваа изложба ќе биде претставена и пред публиката во Долна Нормадија во текот на 2015 година.
За време на својот престој Флер Елуин имаше и обраќање пред студентите на Факултетот за арт и дизајн при Европскиот универзитет, студентите ја проследија нејзината презентација за еден поинаков вид на уметност.
Оваа изложба е дел од проектот „По камењата – втор дел“ кој се реализира во рамки на соработката Долна Нормандија/Македонија во партнерство со Францускиот институт во Скопје, la Régie des Deniers du Plus и галеријата Остен. Кураторка на оваа изложба е Елена Вељановска.
За да дознаете повеќе за уметницата Флер Елуин следете ја на нејзината интернет страница.