Од 11 до 17 ноември, 4 студенти по фотографија од Универзитетот за аудиовизуелни го посетија Каен. Целта на оваа посета беше да се инспирираат за своите фотографии од локациите посветени на сеќавање на Првата и Втората светска војна во Каен.
За време на нивниот престој тие посетија меморијални музеи, плажите на Истоварувањето на сојузничките сили во Нормандија и воените гробишта. На работилницата учествуваа студентите од катедрата по фотографија: Стефан Дамјаноски, Ристо Арнаудов, Зоран Шекеров и Арди Борова предводени од професорот Роберт Јанкулоски и Ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности Јордан Плевнеш.
Од снимениот материјал ќе биде направена селекција од најуспешни фотографии, кои ќе бидат дел од изложбата во месец декември оваа година во галеријата на Кинотеката на Македонија. Оваа изложба ќе ги претстави и фотографиите реализирани во Македонија од страна на фотографите од Франција.
Работилницата е дел од проектот "Помирувањето и визијата за заедничката иднина на Балканот и Европа. Европа овде - Европа таму (1914-2014)" воден од страна на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во партнерство со Дом на визуелни дејности на Долна Нормандија. Проектот е поддржан во рамки на соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија.
За повеќе информации посетете ја интернет страницата на ЕСРА.