Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

27 ноем. 2014

In Memoriam

In Memoriam

Categories: Координација  / 
Гоце Аџи Митревски, почитуван и многу активен член нa Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, почина на 24 ноември.

Професорот Аџи Митревски придонесе за соработката Долна Нормандија/Македонија со своето богато знаење во областа на културно наследство и архитектура. Тој работеше со студентите по архитектура во соработка со партнерите од Долна Нормандија. Работеше исто така и на инвентар и валоризација на културното наследство со Здружението на градови на Македонија (Штип, Куманово, Кратово, Велес и Берово) и одржа изложба на таа тема во 2013 година. Истата година, за време на конференција во Тирана, во рамки на соработката Долна Нормандија /Македонија, ја претстави својата работа во прилог на подигање на свеста и одговорноста на општините од Македонија во областа на културното наследство. 

Г. Аџи Митревски беше многу посветен на архитектурата, тој е автор на книжевни дела за архитектурата на градот Скопје и беше почитуван како авторитет во областа на архитектурата.

Тој исто така беше љубител на француската култура и совршен франкофон. На неколку пати работеше со француските архитектонски училишта. Во 2007 година, Амбасадорот на Франција во Македонија, Бернар Валеро, му додели „ Palme Académique“ за неговите услуги.

Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија изразува голема благодарност на Гоце Аџи Митревски за неговиот придонес и ангажман во прилог на зачувувањето на културното наследство и меѓукултурните размени.
Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
bflix