Фондацијата Метаморфозис ќе ја одржи јубилејната десетта меѓународна конференција е-Општество.мк на 11 декември во Сити Хол, во Скопје.
Овогодишната конференција ќе биде на темата: „Човекови права на интернет - Слобода на изразување, говор на омраза и приватност во дигиталниот свет“. Конференцијата ќе опфати теми како што се слобода на изразување и млади, говор на омраза на интернет, приватност, како и заклучоци и препораки за идни чекори.
Настанот ќе го отворат амбасадорката на Франција во Македонија г-ѓа Лоранс Оер; шефот на мисијата ОБСЕ во Скопје, Ралф Брет; министерот за локална самоуправа на Македонија, г. Љирим Шабани; директорот на Меѓународниот институт за човекови права и мир во Каен, г. Жонас Боше и директорот на Фондацијата Метаморфозис, г. Бардил Јашари.
Конференцијата се спроведува во рамки на Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија, во партнерство со Меѓународниот институт за човекови права и мир во Каен.
Повеќе информации за конференцијата и агендата се достапни на: www.e-society.mk