Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

5 дек. 2014

Институтот за човекови права на Каен организира Ден на компаративно право во Скопје

Институтот за човекови права на Каен организира Ден на компаративно право во Скопје

Categories: Човекови права  / 

На 9 декември ќе се одржи Денот на компаративно право во Скопје на тема „Права на малолетни лица“.

За време на овогодишното четвртo издание на Денот на компаративно право ќе се споредуваат разликите на „Правата на малолетниците“ во Франција и во Македонија. Професори по право од факултетот во Скопје и во Каен ќе дискутираат на оваа тема во присуство на студентите од Правниот факултет во Скопје и 20 студенти од Правниот факултет во Каен. Настанот ќе го отворат амбасадорката на Франција во Македонија г-ѓа Лоранс Оер и деканот на Правниот факултет Проф. д-р Борче Давитковски.

Повеќе информации во врска со програмата на овој настан се достапни тука.

Овој настан е организиран од страна на Институтот за човекови права и мир во Каен и Француската амбасада во Македонија во соработка со Факултетот „св. Кирил и Методиј“ и е поддржан од соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x