Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

9 дек. 2014

Студенти и професори по право од Долна Нормандија на посета во Македонија

Студенти и професори по право од Долна Нормандија на посета во Македонија

На 9 декември 2014 година се одржа четвртoто издание на Денот на компаративно право во Франција и Македонија посветено на „Права на малолетници“.

20 студенти и 5 професори од Правниот факултет во Каен заедно со студенти и професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје присуствуваа на средбата каде се дискутираше за компаративниот преглед по ова прашање во Франција и Македонија. 

Г. Себастијан Ботро Бонтер, аташе за соработка во Француската амбасада во Скопје изјави дека соработката помеѓу Универзитети на тема Човекови права е клучна за воспоставување дијалог и продлабочување на заедничките интереси помеѓу две земји. Деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ г. Борче Давитковски исто така ја истакна важноста на ваквите настани и продолжување на соработката.

Студентите и професорите од Долна Нормандија имаа прилика и да се сретнат со Претседателот на Република Македонија, г. Ѓорге Иванов. Претседателот ја истакна важноста на пријателството помеѓу Македонија и Франција како и сличностите кои ги споделуваат двете култури. 

„Денот на компаративно право“ е иницијатива на Институтот за човекови права и мир на Каен и Француската амбасада во Скопје во партнерство со Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и Правниот факултет од Каен. Активностите во рамки на оваа соработка се во рамките на Соработката помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

За време на оваа средба беше промовирана публикацијата на тема „Работен однос – Компаративен преглед на правото во Франција и Македонија“ која е резултат од првиот „Ден на компаративно право“ кој се одржа на 21 февруари 2013 година. 

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x