Search
fr-FRmk-MKsq-AL

Активности

12 дек. 2014

Се интензивира соработката помеѓу Берово и Ливаро

Се интензивира соработката помеѓу Берово и Ливаро

Овој декември во Берово престојуваше делегација на збратимената општина Ливаро од  Долна Нормандија предводена од страна на Г-ѓа Патрисиа Анри, градоначалник на Сен-Мартен-Ди-Менил-Ури една од 23-те општини во Заедницата на општини Ливаро.

За време на нивниот престој се оддржа работен  состанок на кој присуствуваа преставници од Локалната Самоуправа, општинските институции, фармери и стопанственици. На состанокот Градоначалникот Наџински го сподели задоволството од реализацијата на досегашните активности и даде свое видување за реализацијата на идните проекти. Градоначалникот уште еднаш се заблагодари на граѓаните на Ливаро за донираното возило за собирање на комунален отпад, а се договорија и следни активности во областа на животната средина.

На состанокот беа дефинирани проектите кои треба да се реализираат во 2015 година меѓу кои посета на фармери од Берово во Ливаро и од Ливаро во Берово за размена на искуства и воспоставување на дирекна соработка во тој сектор. Во април е најавена посета на рекреативни планинари во Берово и изготвување на промотивни материјали  за промоција на туризмот во двата региона.

За мај пак, предвидено е организирање на промотивен настан за промоција на културното наследство и традиции (Македонски денови) во Ливаро и настап на музички групи од Ливаро на Етно Плоштад Фестивалот во Берово. Ќе биде изготвена исто така и интернет страница посветена на соработката помеѓу двете територии.

Берово и Ливаро ја официјализираа соработката во август 2012 година во рамки на Децентрализираната соработка помеѓу Долна Нормандија и Македонија.

Повеќе информации за овој настан можете да најдете на интернет страницата „Берово Денес“.

Tags:

Name:
Email:
Subject:
Message:
x
soap2day